Билетите распродадени, Македонија и Косово ќе играат пред полни трибини

Создадени се сите предуслови за фудбалски спектакл на 26 март во Скопје со распродажбата на сите влезници за натпреварот меѓу Македонија и Косово од плејофот во Лигата на нациите.



На претпоследниот чекор до историски пласман на Европско првенство за двете репрезентации од трибините на Националната арена „Тодор Проески“ ќе сведочат над 30.000 нивни навивачи.

„Доколку нема било какво барање, препорака или евентуална забрана за присуство на гледачи од надлежните државни инстутуции поради корона вирусот, тогаш македонските фудбалери пред полн стадион ќе го одиграат натпреварот против Косово.

Им се заблагодаруваме на македонските навивачи за поддршката која им ја даваат на фудбалерите и се радуваме на одличната атмосфера на Националаната арена ‘Тодор Проески’“, соопштија од Фудбалската федерација на Македонија.