Билд: Здравјето на Меркел е „табу тема“

Најчитаниот германски весник „Билд“, ја обвини владејачката Христијанско-демократска унија на Ангела Меркел за цензура во врска со необјаснетото тресење  на канцеларката на јавни настапи и тоа три пати за еден месец.



„Билд“ на својот сајт навел дека се чувствува навредено затоа што партијата се однесува како на Ангела Меркел да не ѝ се случува ништо невообичаено.

„Билд“ пишува дека тоа е „табу тема“ за владејачката партија додека германски и странски медиуми се распрашуваат за здравјето на канцеларката,

Меркел, за своето чудно тресење, вели дека не е ништо страшно и дека добро се чувствува.

И покрај тоа што 64-годишната Меркел тврди дека се чувствува добро, во нејзината партија се отвора прашањето дали договорот помеѓу неа и нејзината договорена наследничка, Ангрет Крамп-Каренбауер, ќе може да ја дочека 2021 година.