Германски Билд објави дека бил спречен уште еден – 4-ти по ред – обид за атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската контраразузнавачка служба го спречила можниот атентат, јави агенцијата Униан, а пренесува Билд.
Група руски диверзанти, предводени од агент на тајната служба, бил уапсена во градот Ужгород во граничниот триаголник меѓу Украина, Словачка и Унгарија.
За една недела биле спречени дури три обиди за убиство на Зеленски.
Покрај нападот врз Зеленски во Киев, приближно 25 лица учествуваа во серија саботажни акти во владиниот округ и други делови на Украина.
Тие се обиделе да се преправаат дека се припадници на територијалните единици на Украина и на тој начин да стигнат до Киев. Оваа информација не е официјално потврдена.
Според украинските информации, руските шпионски одреди од почетокот на војната неколку пати се обиделе да влезат во Киев и да го елиминираат претседателот.






