Само неколку македонски медиуми денеска ја пренесоа веста на најтиражниот германски весник Билд кој објави “бомби” во кои се споменуваат Еди Рама, купување изборни гласови, мафијаши што преговараат да станат пратеници, нарко босови и високи членови на Социјалистичката партија на Рама.
Според упатени експерти за Балканот објавата на Билд е темпирана пред два настани важни за ЕУ, регионот и Албанија:
• пред локалните избори во Албанија
• пред одлуката на Германија за датум за преговори за Албанија и Македонија
Според Билд дури и Јавното обвинителство на Албанија веќе ја потврдило автентичноста на снимките, и изјавило дека се дел од нивните досиеа.
Според познавачи на Западниот Балкан објавата на Билд во која се вели дека Албанија е “Нарко база” на Европа се случува со цел да се “оправда” одлуката на Берлин да нема датум за Албанија но со тоа се создаваат проблеми и за Македонија затоа што Скопје и Тирана се во пакет за датум за преговори.
Паралелно со нападот на Рама за чија држава Билд вели дека е во криза и во хаос а кој доаѓа од Германија, премиерот Заев и покрај големоалбански изјави од кои стравува Берлин, со сите сили го брани премиерот на Албанија.
“Германците стравуваат дека мојот пријател Еди Рама може да иницира спојување со Косово, јас не верувам”, изјавува денеска Заев во моменти кога Рама во медиуми кои важат за блиски на важни безбедносни и политички кругови се претставува како политичар со имиџ на близок на мафијашки групи.
Ова во меѓународни кругови кои внимателно го следат регионот отвара дилема дали македонскиот премиер не ја гледа големата слика во која Албанската влада полека ја губи поддршката од Берлин и ЕУ или тој има и други за јавноста непознати релации со Рама поради кои му дава силна поддршка и го брани во јавноста.
Објавата на Билд и бомбите за Албанија на овој линк





