Германскиот весник „Билд“ вчера објави проекција на НАТО за ескалација на конфликтот во 2025 година  околу војната во Украина.



Спорерд извори на „Билд“ од германската армија, Бундесверот, се подготвува за конфликт меѓу Русија и НАТО.

„Билд“ пренесува делови од сценариото, испуштајќи некои информации од безбедносни и стратешки причини.

Според германските медиуми, тајното сценарио на Бундесверот, „Алијансата одбрана 2025“ започнува во февруари 2024 година. Русија започнува уште еден бран на мобилизација и повикува дополнителни 200.000 луѓе во армијата. Кремљ ќе започне офанзива напролет – зајакната со намалената поддршка на Западот за Украина, а таа офанзива би можела да постигне поголем успех до јуни 2024 година. тие напади вклучуваат хакирање и употреба на други форми на хибридна војна. Тогаш Русија ќе почне да ги поттикнува етничките руски малцинства во Естонија, Латвија и Литванија.

Ќе почнат судирите кои Русија ќе ги искористи како изговор за од септември да ја започне големата вежба „Запад 2024“ со 50.000 војници во Западна Русија и Белорусија. Но, уште еднаш Русија ќе почне да собира војници на границата, а овој пат ќе биде на границата со Полска и Литванија. Според тајниот документ тогаш би можело да дојде до ескалација. Во октомври, Русија ќе префрли војници и ракети со среден дострел во Калининград, руска ексклава лоцирана меѓу Полска и Литванија.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, го коментираше ова тајно сценарио како минатогодишното хороскоспко предвидување дека „Рибите влегуваат во Рак“, што и да значи тоа….

РИА Новости забележува дека Русија „повеќе пати нагласила дека не претставува закана за ниту една од земјите на НАТО, но нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси“. Тие додаваат дека Русија е отворена за дијалог, но на рамноправна основа и дека Западот мора да се откаже од милитаризацијата на континентот.