Министерството за внатрешни работи информираше дека се поднесени барања за поведување постапка против општините Тетово и Чаир и градоначалниците Билал Касами и Висар Ганииу, јјави “360 степени“.



„Денеска (15.08.2023) МВР, поточно Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со Секторите за внатрешни работи Скопје и Тетово до надлежните Основни судови поднесе барања за поведување прекршочна постапка против правните лица Општина Чаир и Општина Тетово и одговорните лица во овие правни лица, градоначалниците на овие општини В.Г. и Б.К.“, соопштија од МВР.

Градоначалникиот на Тетово и лидер БЕСА, Биљал Касами реагираше на Фејсбук со порака дека комунизмот не е мртов.

„Ваквите обиди за страв и замолчување како во времето на комунизмот воопшто не нè плашат, продолжуваме со кренати глави.

Помалку нè плашат кога овие уцени и обиди да ја попречат здружената опозиција доаѓаат од корумпирани и уценети владетели кои сега си ги бројат деновите на прсти.

Времето на заплашување на Албанците, нивно апсење и носење во озлогласени полициски станици е мртво, заедно со тоа наскоро ќе умре и овој ваш комунистички режим. Вие продолжувате да бидете вазали на Белград, затоа што таму ќе завршите сите, додека ние како опозиција се среќаваме со овој народ и се плашиме само од албанскиот народ“, напиша Касами.

Според МВР, за време на посетата на Курти во Чаир и Тетово не се почитувал Законот за употреба на грбот, знамето и химната.