„Албанците од Македонија повеќе од 20 години ги претставува структурата, што излезе од конфликтот и која, освен празен патриотизам, не ја знае ни буквата ‘Е’ од економија. Тоа предизвика Албанците да ги испразнат нивните простори во тажни размери.“ – наведува универзитетскиот професор и политички аналитичар Мерсел Билали во својата колумна со наслов „Косово – регионален економски тигар“, која ја објави косовскиот весник на албански јазик „Бота сот“.
Натаму, покрај другото Билали пишува: Демографите потврдуваат дека Полошкиот регион (Тетово и Гостивар) имал во деведесеттите години од минатиот век околу 350 илјади жители, а сега останал со околу 80 илјади жители, од кои повеќето се постари. Училиштето во Чегране, некогаш најголемото село во Македонија, имало во деведесеттите години имало близу 2 илјади ученици, а сега останало само со 265 ученици. Ова веќе не е раселување, туку егзодус со тажни размери!
Од 41 странска компанија во „Слободните индустриски зони“ на Македонија 39 се во етничкиот македонски дел (во Источна Македонија), додека во западниот дел има две компании, каде што повторно меѓу вработените доминираат Македонците! Остануваат пофалбите за структурата на власта, која всушност води сметка само за личните и партиските задоволства на една мала група, отуѓена од народот. Нивното толку долго останување на власт се случи само благодарејќи на тоа што тие силно ја зграпчија власта и извршија целосна партизација.
Курти ги спасува и Албанците од Македонија!?
Ако нешто не се преземе, во следните неколку децении Албанците во Македонија ќе останат само маргинална етничка група. Затоа, верувам дека Курти знае што да прави. Но тој првин треба да испрати експерти од различни области, за да ја утврдат реалноста на терен. Треба да му се врати убиената изгубената надеж на народот, кој останал. Курти ја има таа можност и многумина очекуваат да ја искористи.
Мораме да ги известиме нашите стратегиски партнери, во прв ред САД, дека како нивен природен партнер ќе ја загубиме тежината во регионот без економскиот развој. Бидејќи големото раселување на младите го заслабува албанскиот чинител на Балканот, но и природната поддршка кон нив.





