Јавниот обвинител Гаврил Бубевски на денешната прес-конференција изјави дека фризерот од Велес, Панче Жежовски, (кој исчезнал на 22 ноември а исчезнувањето било пријавено на 24-ти тој месец) бил убиен за долг од 500 евра.
„Мотивот за убиството на Панче имале должничко-доверителски односи со еден од осомничените. Панче должел 500 евра на еден од осмничените и така е избран како жртва за да се земеме колата и да се киднапира девојчето“, објасни обвинителот Бубевски.
Како што појасни Бубевски, фризерот од Велес парите му ги должел на Љупчо Палевски.
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кажа дека извршител на двете убиства, на убиството на малата Вања и на велешанецот Панче Жежовски, е првоосомничениот за убиството кој е во бегство.
За него има информации дека е заминат за Србија, а потоа во Бугарија и за него ќе биде распишана меѓународна потерница.







