Туристичкиот брод „Морска вила“ со 40 патници синоќа удрил во брег на пристаниште во Сплит и потонал.



Истрагата спроведена од Капетанијата на пристаништата е во тек.

Капетанот на бродот е приведен во службените простории на полицијата заради спроведување кривична истрага поради тоа што е констатирано дека бил во алкохолизирана состојба и поради тоа е осомничен за кривично дело Загрозување посебни видови сообраќај, соопшти полицијата, јави Индекс.хр.

Драмата се случила синоќа во 2 часот и 35 минути, а како што соопшти сплитската полиција, сите 40 патници биле извлечени на брегот и не се повредени.

Жупанискиот оперативен противпожарен центар во Сплит соопштил дека бродот долг 21 метар потонал.