Енес Исени, еден од двајцата убиени во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија, претходно избегал од судење за убиство во Холандија кое требало да започне вчера (15 МАРТ).
Исени бил осомничен за убиството во Берген ан Зе, кое се случило пред две години, пишуваат холандски медиуми
Криминална банда, пишуваат холандскиот медиум, се обидела да киднапира Колумбиец за наводна лажна зделка поврзана со кокаин. Во судирот дошло до пукање, Колумбиецот бил ранет и починал. Наводните киднапери тогаш побегнале со оружјето во неколку автомобили.
Се гонат деветмина поврзани со случајот, меѓу кои и Енес Исени. Тој, според тоа што го објави „Nieuws“, еднаш избегал во Шпанија каде биле приведен и потоа поминал девет месец во притвор. Меѓутоа, судот го ослободил и му ги одзел пасошите односно му одредил забрана за напуштање на Холандија.
Исени е еден од деветмината осомничени за убиството, по што избегал во Македонија.







