Македонскиот активист од Канада, Бил Николов, со порака дека Грција никогаш нема да може да ги искорени Македонците (од Егејска Македонија), колку и да се обидува.
„Кога ја посетив Егејска Македонија со татко ми (многу ми недостигаш Те), отидовме во Оштима и нè поздравиј на македонски. Отидовме во Емборе – исто. Желево (татковината!) – слушнавме само македонски. Колку и да се обидува Грција да нè искорени, никогаш нема да успее“, порача претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) од Торонто.





