Рускиот претседател Владимир Путин присуствуваше на велигденската литургија во Соборниот храм Христос Спасител во Москва. Литургијата, која започна неколку минути пред полноќ, ја служеше патријархот Московски и на цела Русија Кирил.



Но, на социјалните мрежи денеска се проширија видеата кои тврдат дека Владимир Путин воопшто не присуствувал на големата велигденска литургија во московскиот соборен храм.

Според тие снимки, Путин или воопшто не бил на литургијата или стоел настрана за време на богослужбата, целосно изолиран од сите, на место оддалечено десетици метри од другите верници и што е најважно, далеку од местото каде што е прикажан во официјалното видео.