Основачот на „Мајкрософт“ и мултимилијардер, Бил Гејтс загрижен поради одлуката на Доналд Трамп САД да прекинат со финансиска поддржка на Светската здравствена организација.



„Стопирање на финансирањето на СЗО за време на светската здравствена криза е многу опасно. Нивната работа помага да се запре ширењето на вирусот и ниедна друга организација не може да ги замени. На светот му е потрабна СЗО повеќе од кога и да е“, напиша Гејтс на „Твитер“.

Буџетот на СЗО е околу 4,5 милијарди американски долари, од кои Соединетите Држави финансираат околу 500 милиони американски долари годишно.