Бил Гејтс прими вакцина – не кажа која

Основачот на Мајкрософт, мултимилијардерот Бил Гејтс објави на дека неделава ја примил првата доза на вакцина за коронавирус. Гејтс, на Твитер напиша дека се чувствува одлично и им се заблагодари на сите научници, учесници во истражувањето, регулатори и медицински професионалци „кои не’ доведоа до оваа точка“.



„Една од предностите да се има 65 години е тоа што ги исполнувам условите за вакцина против Ковид-19“, рече Гејтс и објави фотографија од моментот кога прима вакцина.

Тој, сепак, изостави да напише и која вакцина ја примил.