Основачот на Мајкрософт на конференцијата TechCrunch рече дека криптовалутите и NFT се измама. „Овие трендови на дигитални средства се стопроцентно засновани на „теоријата за големи будали“, рече Гејтс, цитиран од CNN Business. Гејтс се осврнал на теоријата дека понекогаш може да се заработат пари со купување на преценети средства ако тие средства подоцна можат да се продадат по уште повисока цена.
Во тој случај, еден „будала“ би можел да купи прескап имот, надевајќи се дека може да го продаде на „поголема будала“ од себе и на тој начин да го земе профитот. Ова може да функционира сѐ додека има доволно „будали“ спремни да платат повеќе. Но, кога веќе никој нема да сака да купува, серијата пука и следи значителен пад на цената.
Гејтс рече дека не се тргува со криптовалути и ги исмејувал Bored Apes NFT, шегувајќи се дека „скапите дигитални слики од мајмуни многу ќе го подобрат светот“. Наместо тоа, Гејтс вели дека претпочита старомодни инвестиции.
„Повеќе сум навикнат да инвестирам во средства, како фарми кои имаат производство или компании кои нудат вистински производи“, рече тој. Изјавите на Гејтс доаѓаат во време кога биткоинот и другите криптовалути се во слободен пад. Во ноември 2021 година, биткоинот достигна врв од 69.000 долари. Оттогаш, највредната криптовалута во светот изгуби две третини од својата вредност и денес достигна околу 20.000 долари. Само од минатата недела падот е околу 25 отсто.
Гејтс и претходно бил скептичен за криптовалутите. Во интервју за Bloomberg во 2021, Гејтс рече дека едно е кога Илон Маск и Тесла инвестираат во биткоин, а друго кога просечните инвеститори го следат неговиот пример.






