Ако се појави друг вирус со слична вирулентност како коронавирусот, но со многу повисока стапка на смртност, на пример пет отсто, тоа би можело да биде крај на човештвото.
Шансите за нова пандемија во следните 20 години се повеќе од 50 отсто“, предупреди Бил Гејтс кој учествуваше на самитот „Тајм 100“ во Њујорк и по тој повод зборуваше за последиците од вирусот Ковид-19 како и за можноста од нови пандемии.
Гејтс додаде дека најмалку околу една милијарда долари ширум светот треба да се распределат како дел од превентивните мерки и подготовките за следната пандемија.
„Следната пандемија може да има многу поголема стапка на смртност од ковид-19“, рече Гејтс.
Официјалниот број на смртни случаи од Ковид во светот е околу 6,3 милиони, а експертите проценуваат дека реалниот број на смртни случаи е многу поголем. Светската здравствена организација проценува дека имало околу 14,9 милиони смртни случаи поврзани со Ковид во 2020 и 2021 година.
Гејтс смета дека ова се мали бројки и дека дека човештвото не треба да смета на среќа во случај на следната пандемија.







