Американскиот милијардер тврди дека до средината на следната година, Ковид 19 ќе предизвика помалку смртни случаи од обичниот грип.



„Во време на природниот имунитет, имунитетот стекнат со вакцината против коронавирус и благодарение на новите терапии, стапката на смртност треба драстично да опадне“, вели Гејтс од „Блумберг“ и посочува дека пресврт треба да се случи летото 2022 година.

Имено, тој смета дека прашањето за набавка на вакцини ќе биде решено до средината на следната година. Исто така, фармацевтските компании „Мерк“ и „Фајзер“ имаат развиено пилула против коронавирус и смета дека сите овие настани ќе влијаат пациентите да добијат навремена терапија откако ќе се утврди присуство на коронавирус. „Значи, помеѓу природниот имунитет, имунитетот посредуван од вакцини и тие апчиња, можеме да го зголемиме бројот на антитела како што не можевме досега, а стапката на смртност ќе падне под нивото на смртност предизвикана од сезонски грип до летото следната година“, вели основачот на Мајкрософт.