Основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе во светот, ќе донира 12 милиони долари за развој на универзална вакцина против грип, објави „The Hill“.
Тој најави создавање на истражувачки фонд на годишниот состанок на медицинското здружение Масачусетс.
„Го започнавме проектот вреден 12 милиони долари, што претставува голем предизвик за забрзување на развојот на универзална вакцина против грип“ изјави Гејтс.





