Американскиот мултимилијардер и основач на „Мајкрософт“, Бил Гејтс предвидува дека светот би требало да се врати во нормала до крајот на 2022-ра година благодарение на вакцините.
„До крајот на 2022-ра година, во основа, би требало целосно да се вратиме во нормала“, изјави Гејтс.
Гејтс, преку својата филантропска „Фондација Бил и Мелинда Гејтс“ вложи 1,75 милијарди долари во борбата против пандемијата на коронавирусот.







