БиХ со прв смртен случај од коронавирус

Постара жена од Сараево е првото починато лице од коронавирус во Босна и Херцеговина, каде што до утрово беа регистрирани 90 заразени.



Старицата имала хронични проблеми и починала пред да стигнат резултатите од тестот за заразеност од Ковид-19.

Според неофицијални информации, станува збор за жена родена во 1944 година, која била во контакт со синот што дошол од Германија во БиХ.