Биеламович: Лоша иднина за македонските социјалдемократи

Полскиот политички аналитичар и набљудувач на состојбите во Западниот Балкан Јакуб Биеламович со оценка за ситауцијата во која се наоѓа партијата на премиерот Димитар Ковачевски.



Биеламович кој е левичар по убедување и поддржувач на социјалдемократските партии во Европа го анализира последното истражување на МЦМС и предвидува лоша иднина за СДСМ но не ја споменува ДУИ во контекст на иднината.

,,Најновата анкета на МЦМС @MCMS_MK дава многу лоша перспектива за владејачките социјалдемократи.

➡️ Довербата на јавноста во владата на Ковачевски @DKovachevski е на најниско ниво

➡️ Неговата партија СДСМ @SDSMakedonija моментално има доверба од 14,6% (наспроти 20,7% за националистичката ВМРО-ДПМНЕ @VMRO_DPMNE)”, пишува познавачот на приликите во регионот.