Ууниверзитетскиот професор специјализиран за Балканот, Флоријан Бибер, с,ета дека Македонија нема како да попушти на суштински план пред барањата на Бугарија, а за надминување на ветото во ЕУ ќе треба некаков симболичен компромис или механизам за Софија да го спаси својот углед.
„ А, за таква промена потребен е пријателски совет од ЕУ земјите до Бугарија дека можеби треба да ги има на ум сите домашни проблеми и да преговара начин за излез од овој спор“, вели тој во интервју за МИА.
Бибер не гледа јасна причина зошто да верува дека ќе се случи деблокирање на ветото во декември, но дека ништо не е невозможно и ќе зависи од сигналите од Бугарија и што се случува зад кулисите, со оглед дека Германија, која е најголемиот поддржувач се наоѓа во преодна фаза на владата и останува да се види што ќе направат и другите ЕУ држави во однос на ставот на Бугарија.
За процесот на проширување на ЕУ, Бибер вели дека тој е во сериозна криза.







