Доколку граѓаните одново го изберат за премиер, Зоран Заев би се повлекол по завршувањето на вториот, рече премиерот во синоќеѓнпто интервју за 1Тв.
Со тоа тој би го исполнил, како што рече, ветувањето премиерската функција да се ограничи на максимални два мандати.
Заев рече дека можеби граѓаните ќе му дадат еден или два мандати, но дека после евентуалниот втор мандат тој би се повлекол за да има време да се посвети на семејството.





