За Кирил Петков правата на Бугарите во РСМ, промената на учебниците и укинувањето на говорот на омраза се клучот за укинувањето на ветото, објави БГНЕС, по денешната средба на претставници на „Бугарите од Македонија“ со премиерот Кирил Петков.
Премиерот Кирил Петков јасно се заложи дека приоритет број 1 за него во овие преговори е заштитата на правата на Бугарите во РС Македонија и успехот во ова прашање е приоритет број 1 за бугарската влада.
Петков истакнал и дека промената на учебниците што треба да се случи во РСМ е клучен приоритет за надворешната политика на Бугарија.
Ова го изјави за БГНЕС минути по неговата средба со премиерот Петков, Петар Колев, лидер на партијата Граѓанско демократска унија (ГДУ).
Претпладнево делегацијата на македонските „бугари“ имаше средба со претседателот Румен Радев кој ги информираше дека услов за отпочнување на преговорите на Скопје со ЕУ ќе биде Бугарите да влезат во Ммакедонскиот устав.






