Бугарската агенција го пренесува повикот објавен на социјалните мрежи и на некои портали да се блокираат патишта за да не се дозвол Бугари да стигнат до на гробот на Гоце Делчев за време на прославата на 151-годишнината од неговото раѓање на 4 февруари во Скопје.



„Повик до сите патриоти. Дојдете со камиони, трактори, автомобили и други машини и поддржете го протестот. Кумановци ве повикуваме во 9 часот да го блокираме патот за Скопје. Да не дозволиме бугарските неонацисти да плукаат по споменот на џинот Гоце Делчев“, се вели во апелот објавен на веб-страницата.

Аденцијата пишува дека граѓаните на социјалните мрежи се организираат да го блокираат патот кон Куманово, а потоа кон главниот град. Луѓето се организираат за да ги спречат Бугарите и организираните бугарски групи да одат на гробот на Гоце Делчев.

Иницијативата за ноќно бдение на гробот на Гоце Делчев се шири низ Македонија и надвор од неа пишува БГНЕС.