Утре, на одбележувањето на150 години од раѓањето на големиот револуционер Гоце Делчев, македонската страна нема да биде присутна на потребното политичко ниво на положувањето венец на бугарската делегација предводена од министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, јавува БГНЕС.



Официјалното објаснување од скопските власти е дека министерот за надворешни работи Бујар Османи и премиерот Димитар Ковачески се во посета на странство, а засега нема информации дека некој од нив ќе се врати порано за да учествува во заедничката богослужба, јавува бугарската агенција.

БГНЕС потсетува дека бугарскиот премиер Кирил Петков во бугарското Народно Собрание најави дека се подготвува заедничка прослава на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.