23-годишниот Бугарин од Охрид Христијан Пендиков има повеќе испукани пршлени, ребра и скршена вилица. Пендиков синоќа бил нападнат во грб од Илија Спасески и уште две лица, јави репортерот на БГНЕС.



Нападот е извршен синоќа околу 22 часот по бугарско време пред објектот „Тино“. Пендиков бил заедно со уште една девојка. Пред да излезе од кафеана беше навредуван и испровоциран од дружината на Спасески.

Ова го потврдуваат и од МВР

„На 19.01.2023 околу 22.30 часот во Охрид е пријавен физички напад врз Х.П. (21) од Охрид од страна на С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид, по што на Х.П. му била укажана лекарска помош во Општа болница Охрид. Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Известен е јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава“, рекоа од СВР Охрид.

БГНЕС јавува дека Пендиков моментално се наоѓа на лекување во локалната болница. Се чека неговото транспортирање и префрлање во болница во Скопје.

Пендиков е секретар на месното бугарско друштво и е единствениот кој јавно ја брани својата припадност и потекло. Пред еден месец беше во Софија и детално опиша што се случува со Бугарите во РСМ, но засега нема ниту една официјална реакција ниту во Софија, ниту во Скопје за опишаните случаи на терор и репресија врз локалните Бугари. од Христијан Пендиков.

Репортерот на БГНЕС јави дека има снимки од камери на кои јасно се гледа кои се напаѓачите, кои се провокатори и извршители на злосторството. Самиот репортер е запознаен со снимката. /БГНЕС

Ковачев лаже дека секретарот на клубот Цар Борис Трети е натепан поради неговата припадност