БГНЕС: Петков „призна“ дека сакал да го тргне ветото за Македонија

Кирил Петков конечно призна дека навистина се подготвува да го укине бугарското вето за почеток на преговорите за членство во ЕУ за РСМ, јавува БГНЕС.



Вчера, во интервју за бТВ, во свој типичен нејасен и не баш артикулиран стил, призна дека долго време ја оставил министерката за надворешни работи Генчовска и нејзиниот тим „сами да ги поместуваат работите со Северна Македонија“ и ги опиша како голем напредок резултатите што ги постигна таа и нејзиниот тим.

Но, на прашањето која беше неговата цел пред еден месец да побара од претседателот Радев да свика Советодавен совет за национална безбедност, „му се испушти“ и рече дека сакал да ги информира другите партии за новите предлози, кои биле идентични со оние на Генчовска.

Сето ова сугерира – забележува ГГНЕС – дека предлозите што ги подготвил Кирил Петков и неговиот тим биле „сугерирани“, веројатно од заинтересирани надворешни фактори, на преговарачкиот тим на МНР.

Во оваа смисла, „повлекувањето“ на Петков од темата е само привидно и манипулативно, со јасна цел да се остави впечаток дека компромисот дошол од самите дипломати.

Кирил Петков навести и дека компромисот што се подготвува ќе биде „невиден успех“ за Бугарија, бидејќи вклучувањето на Бугарите во уставот на РСМ ќе се случи пред првата меѓувладина конференција на ЕУ за северна Македонија (што е вистински почеток на преговорите) и дека тоа би го гарантирала Европа.

БГНЕС потсетува дека уште минатата недела алармирал дека подготвениот договор пред бугарската јавност ќе биде претставен како огромна победа…