Македонско-бугарин Христо Пендиков, кој беше претепан вечерта на 19 јануари, бил нападнат од професионален натпреварувач во источни боречки вештини, јави репортерот на БГНЕС.
Илија Спасевски, кој му нанесе низа брутални удари во грбот на Пендиков, е професионален натпреварувач во џиу џицу. Член е на карате клубот „Кун-су-то“ од Охрид.
Спасевски учествувал на професионални натпревари и од нив освои бројни награди, дознава Агенцијата.
Од ударите Пендиков се здобил со повреди на пршлените, ребрата и вилицата. Тој има и тешки повреди на главата. Пендиков од синоќа е на лекување на Медицинската академија каде треба да му бидат извршени хируршки интервенции.
Денеска на пладне по бугарско време е најавен протест за поддршка на Пендиков, кој инаку е секретар на бугарскиот клуб „Цар Самоил“ во Охрид.







