Предлозите на португалското претседателство до Советот на Еврпа за усвојување рамка за преговори за пристапување на Македониа во ЕУ се апсолутно неприфатливи за бугарската страна, бидејќи тие во суштина го враќаат спорот речиси една година наназад и се во спротивност со основата на бугарската позиција, оценува БГНЕС.
Предлозите подразбираат укинување на какви било гаранции за спроведување на можни договори, што е голем проблем во односите на Македонија со Бугарија и со ЕУ како целина.
„Тие веројатно нема да ја импресионираат бугарската страна, со оглед на невидената недоверба што се создаде во Софија во врска со вистинските намери на скопските политички елити, особено во светло на изјавите на најголемата опозициска партија, ВМРО ДПМНЕ, дека ќе го осуди билатералниот договор со Бугарија штом дојде на власт“, пишува агенцијата.
БГНЕС го има документот за кој треба да се дискутира и пренесува дека, меѓу другото, „за разлика од пристапните преговори, во рамките на Процесот за стабилизација и асоцијација (ПСА), на Бугарија ѝ е лишена од можноста да реагира доколку РСМ повторно не ги исполни своите обврски.
Од документот станува јасно дека властите во Скопје мора да подготват „роад мап“, чија имплементација мора да се следи во рамките на ПСА, но тој има апсолутно козметички и неоперативен карактер
Во текот на последните 4 години, Македонија постојано креираше програмски документи, кои потоа демонстративно и арогантно не ги спроведува, пишува БГНЕС.







