БГНЕС: На Пендаровски не му се брза да ги внесе Бугарите во Уставот

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, смета дека нема потреба да се брза со уставните измени за вклучување на Бугарите во Уставот, јавува БГНЕС.



Причината е што има уште 14 месеци до завршување на процесот на скрининг.

Според него, тоа не треба да биде апсолутен политички приоритет број еден.

Во однос на т.н „Француски предлог“ тој истакна дека има нова анкета за одобрување на македонските граѓани и, според него, има драстично намалување кај оние кои се против.

„Постои неодамнешна анкета каде што процентот на луѓе кои не го поддржуваат францускиот предлог од 70% во лето сега падна на околу 20%, што е драматично помало. Ние сè уште не сме мнозинство за т.н. предлог“, но факт е дека откако луѓето видоа дека нема опасност, процентот на оние што се против се намалува“, коментира Пендаровски.