БГНЕС: Македонија и Бугарија меѓу најсиромашните десет во Европа

Луксембург, Швајцарија или Норвешка, често се споменуваат како најбогати земји во Европа…Но, медалот секогаш има две страни“ пишува весникот „Вирчафтс вохе’, кој дава кус преглед на најсиромашните земји во Европа, мерено како бруто домашен производ по глава на жител, претворен во евра, а пренесува БГНЕС.



Прва е Босна и Херцеговина, која е најсиромашната земја во Европа. Само стапката на невработеност е 40 проценти. БДП по глава на жител е 7,46 евра.

Следува Албанија каде во последните две децении сиромаштијата значително се намали. Сепак, околу една седмина од Албанците сè уште се сметаат за сиромашни. Повеќе од пет проценти од населението е неухрането.БДП по глава на жител е 8,50 евра.

„Бронзениот“ медал е за РС Македонија, пренесува БГНЕС. Таа е трета најсиромашна земја во Европа. Повеќе од две третини од населението на поранешната југословенска република живее во рурални области. БДП по глава на жител е 9,20 евра.

Србија е четврта. Според Светска банка, околу 25% од населението живее под националниот праг на сиромаштија.Повеќе од 1,3 милиони луѓе се борат да преживеат. БДП по глава на жител е 9,92 евра.

Црна Гора е на петтото место. Во споредба со другите европски земји, Црна Гора е исклучително мала , но сиромаштијата е запрепастувачка. Невработеноста е двојно поголема од просекот во ЕУ. БДП по глава на жител е 10,13 евра.

На шестото место е за Бугарија. Таа е една од најсиромашните земји во Европа. 65% од населението во моментов не е во можност или едвај може да ги покрие своите животни трошоци. Ова се должи на високото ниво на задолженост на државните компании од енергетскиот сектор и болниците, лошата инфраструктура и заканата од намалување на населението… БДП по глава на жител е 12,77 евра, пренесува БГНЕС.

На седмо место е Белорусија, следуваат Хрватска, Русија, а на 10-то место е Романија.