Бугарското МВР, кое објави дека е упасен екс-премиерот и лидер на опозициската ГЕРБ, ја избриша веста од сопствената веб-страница, објави вечерва БГНЕС.
Борисов зацржан во полициска станица
Борисов не е приведен, туку во тек е претрес неговиот дом, изјави Никола Николов од ГЕРБ.
10 полицајци се во неговиот дом во Банкаја и го претресуваат. За останатите членови на ГЕРБ, кои наводно се приведени, Николов рече дека оваа информација не соодветствува со вистината.
Според информациите од истрагата, во домот на еден од приведените бил пронајден џип, кој е во сопственост на фирмата „Аркад“ која го гради гасоводот „Турски поток“ низ Бугарија, јавува Нова ТВ.






