БГНЕС: Али Ахмети отвори фронт со ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Лидерот на најголемата албанска формација во Република Македонија – Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети најави дека неговата партија почнува да дејствува со нова стратегија, пренесе бугарската агенција БГНЕС.



Агенцијата пишува дека ДУИ речиси 20 години без прекин учествува во владеењето на државата, дека била најлојален партнер за време на владеењето на Никола Груевски, а од доаѓањето на власт на партијата на Зоран Заев – Социјалдемократски сојуз/СДСМ/ во 2017 година ДУИ е најголемиот коалициски партнер во владата и на новиот премиер Димитар Ковачевски.

,,Ахмети објави речиси едноминутна снимка од изјави на претставници на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ во кои ја обвинуваат ДУИ за криминал во власта. Во видеото што го објави лично Ахмети се вели дека ДУИ започнува со нова стратегија.

За време на вооружениот конфликт Македонија во 2001 година ја предводеше илегалната Ослободителна НОВ. По потпишувањето на Охридскиот договор на 13 август 2001 година почна да работи легално и ја формираше ДУИ, пишува БГНЕС.