Ако телевизија Телма точно го пренела образложението со кое Апелацискиот суд ги одбил жалбата на обвинетиот Јордан Камчев на претходната одлука за 30-дневен притвор и предлогот на Обвинителството ефективниот да се замени со домашен притвор, тогаш таа одлука е директна потврда дека обвинетиот е изложен на невидена репресија и тортура, смета новинарот Бранко Героски во килумн за Плусинфо.
“Судот оценил дека „кауцијата“ што ја понудил Камчев не била доволна гаранција дека тој немало да бега. Станува збор за 4,4 милиони евра во недвижности и 400.000 евра во готовина. Колку пари треба да понуди обвинетиот за Судот да смета дека е „доволна гаранција“ дека нема да се даде во бегство?
Нема такви пари, се разбира. Тоа е само беден изговор.
„Логиката“ на Судот е одраз на тежок безобразлук. Камчев до сега никогаш не се обиде да избега. Во овие неколку години, во кои за дебели пари си го купуваше пасошот, земјава тој ја напушти педесеттина пати и секогаш уредно се враќаше во Македонија. Да сакаше да избега, имаше многу шанси тоа да го стори лесно и “елегантно”. Но, не избега и цело време уредно соработува со правосудните органи.
Исто така, јавно беше демонтирана грозната лага од фамозната информација на АНБ, дека Камчев божем подготвувал бегство. Сите ја видоа таа белешка и сите се уверија дека таа не само што е монтажа, туку и монтажерот бил мрзелив, неамбициозен и несериозен во секој поглед.
Уште побезобразно, чудовишно дури, звучи делот од образложението во кој Апелацискиот суд вели дека здравствената состојба на обвинетиот, кој неколку дена лежеше на Кардиологија, „не може да доведе до остранување на стравот од бегство на обвинетиот“. Ау, па Судот имал уплав од Камчев, од наводното бегство што не може да го спречи ни неговата здравствена состојба. Небаре за Худини правиме муабет…”, пишува Героски во текстот.
Целиот текст на Героски на Плусинфо.мк





