Бездомникот од „8 Септември“ не е единствениот избеган заболен од Ковид-19

Бездомникот заболен со ковид-19 кој во текот на вчерашниот ден избегал од ГОБ „8 Септември“, не е единствен пациент кој своеволно напуштил здравствена институција во која бил згрижен.



Пред една недела дена момче од скопското село Сингелиќ кое било заразено од КОВИД-19 и било во тешка здравствена состојба без дозвола на персоналот го напуштило Инфективното оделение на скопска клиника.

Неговите пријатели кои раскажуваат за случајот не можат со сигурност да кажат во кој од скопските ковид центри бил сместен пациентот.

Момчето било однесено во болница откако почувствувало интензивни симптоми на Ковид 19 а според очевидци буквално плукало крв при кашлање.

Откако не можело да се привикне на болничките правила момчето во текот на првата ноќ ја напуштило болницата по што заминало во непознат правец а во првите денови не можело да биде лоцирано ниту од полицијата која интензивно го барала, тврдат негови блиски кои се загрижени за неговото здравје и кои ги обвинуваат здравствените власти за слабите безбедносни протоколи под кои се чуваат пациентите.

И пред и по напуштањето на болницата заболеното момче имало интензивни контакти со повеќе лица, дел од нив веќе се тестирани согласно протоколите на министерството за здравство.

Избегал од ковид-центарот, го вратила полиција