Откако минатата седмица не можеше да обезбеди кворум за расправа на оваа тема, ниту присуство на поканетите министри Никола Димитров и Бујар Османи, претседателот на собраниската Комисија за надворешни работи, Антонио Милошоски закажа нова седница за „утврдување национален став за македонските ЕУ-интеграции, наспроти позициите на официјална Софија…“.



Седницата е закажана за четврток во големата сала „Борис Трајковски“ во Собранието, а Милошоски забележа на Фејсбук дека е сигурен дека ќе се почитуваат сите здравствени протоколи и дека поканетите министри ќе се чувствуваат сигурно.

Оваа забелешка доаѓа по објаснувањето на вицепремиерот за евро-интеграции Никла Димитров дека не присуствувал на седница од безбедносни причини но и дека доцна му било јавено:

Димитров вели дека прво многу доцна му било најавено за седницата, но и покрај тоа од неговиот кабинет стапиле во контакт и побарале дебатата да се одржува во некаков онлајн-формат.

„Во услови кога деновите ми се важни, и треба да бидам негативен за да си ја работам работата, немам намера да си го загрозувам моето и здравјето на другите. Толку околу ‘шокираноста’ што не сум се појавил““ напиша на Фејсбук вицепремиерот Димитров.