Патничките возови на релација Скопје – Велес и на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.
Причината е, како што посочуваат, извршување на работни задачи на одржување на пругата, со цел зголемување на брзината на движењето на возовите.






