Ако до 31 декември, не добијат свој член во ДИК, опозициската коалиција „Европски сојуз за промени“ на етничките Албанци ќе го напуштат Собранието во знак на бојкот.



„Ако не го изгласаат ние ќе го напуштиме Собранието, значи ќе го бојкотираме Собранието„, истакна лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, на синоќешниот брифинг со новинарите што се одржа заедно со лидерите на Демократското движење и Беса, Изет Меџити и Билал Касами.

Околу изборот на Талат Џафери да биде премиер во техничката влада, Гаши рече дека без да се разјасни работата за членот на ДИК и за фер и демократски избори нема простор да се зборува за другите работи.

„Ние ќе бојкотираме во Собрание и ќе преземеме други радикални мерки за да и биде јасно на власта дека така не може да се оди на избори, а од друга страна целата одговорност да им припадне нив затоа што тие го предизвикуваат ова“, рече Гаши.

Изет Меџити, од своја страна изјави дека коалицијата ќе биде алтернатива за граѓаните и за гласачите, дека нема да бидат класична опозиција само да критикуваат и дека ќе одат чекор понапред со нивни предлози и со нивна визија.

Во однос на евро-интеграциите Меџити рече дека „нас ни треба Влада од 80 пратеници, Влада што четири години ќе работи во таа насока, а не Влада што ќе збори за интеграции а ќе прави корупција“.