Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат следните корисници:
-од 09:00 до 13:00 часот, дел од потрошувачите на улиците: „Драгутин Аврамовски Гуте“, „Иван Цанкар“ и „Вангел Дину“ во општина Карпош.
-од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од бул. АСНОМ бр. 9 и бр. 13 и ул. „Фебруарски Поход“ бр. 34 и бр. 36 во општина Аеродром.
-од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. „Стив Наумов“ бр. 102 Г и бр. 102 Д во општина Центар.






