Руските и белоруските тенисери официјално нема да учествуваат на Вимблдон, а сега има информации дека може да добијат забрана за настап и на Ролан Гарос, пренесува Б92.



Според новинарот Стјуарт Фрејзер, Франција го чекала крајот на претседателските избори за да започне притисокот за забрана за настап на играчи од тие две земји.

Увертирата на тој Грен слем ќе биде Мастерсот во Рим. Италијанскиот премиер Марио Драги инсистира потегот на Вимблдон да се спроведе на турнирот, но организаторите на турнирот се противат.

Противници на британската одлука се и АТP и WТА, а состаноци на овие организации се очекуваат оваа недела кога ќе бидат познати следните чекори.

Турнирот во Рим е на програмата од 2 до 15 мај. Следува Отвореното првенство на Франција кое се игра од 22 мај до 5 јуни.