Нема разврска на драмата со авионот кој бил одбиен да слета слета во Скопје по што на патниците им било кажано дека наместо во Скопје ќе слетаат во Софија.
Патниците во авионот на авиокомпанијата Изи Џет кој летал од Женева кон Скопје доживеале шок откако екипажот им кажал дека нема да можат да слетаат во Скопје и дека ќе бидат однесени кон Софија од каде ќе мораат сами да се снајдат за трансфер до Македонија.
Меѓу патниците во авионот на Изи Џет имало и семејства со мали деца кои за превоз од Скопје до Софија морале да платат и по 500 евра за да можат да дојдат дома.
Дел од патниците најпрвин се уплашиле дека причината за неслетување во Скопје е од безбедносен карактер но подоцна се испоставило дека авионот има проблем со дозвола за слетување во Скопје по што морал да слета во Софија каде е регионалното центар на оваа компанија.
Екипажот на авионот воопшто не сакал да разговара со патниците кои сметаат дека авиокомпанијата морала сама да ги покрие трошоците за трансфер до Скопје затоа што се работи за нивна грешка.
Што се случило пред слетувањето во Скопје
Инцидент: Македонската контрола на летање одбила барање за слетување на авион од Швајцарија






