Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас вели дека неговата влада не отстапи шред притисоците на тогашниот опозиционер и сега премиер, Кирјакос Мицотакис, абенефит одтоа е „прспанскиот договор без кој денес на северната граница Грција, наместо пријател, ќе имавла непријател и веројатно уште еден сојузник на Турција на Реџеп Тајип Ердоган, како што е Либија.
„Предавничкиот“ Договор од Преспа, господине Мицотакис, сега стана толку корисен за интересите за земјата што барате од с. Македонија негово почитување и тоа добронамерно, како што неодамна рековте во вашата изјава“, рече поранешниот грчки премиер.
Тој ги спомена и трите меморандуми со Северна Македонија, кои иако се доставени во Парламентот уште од средината на септември, сè уште не се ставени на дневен ред за ратификација.
„Патем, да забележам, каква национална сериозност се покажува, од една страна, да го повикувате министерот за надворешни работи на с. Македонија верно да се придржува до Договорот, а од друга страна да не се осмелувате, господине Мицотакис, овде, во оваа просторија, како премиер на земјата, воопшто да не ги изговорите зборовите „Северна Македонија“?
Или еден ден да соопштувате во медиумите дека се борите за с. Македонија, а следниот да не се осмелувате, веќе со месеци не се осмелувате, да ги донесете во Парламентот и конечно да ги ратификувате меморандумите со соседната земја?, рече Ципрас и се запраша дали тоа е знак на сериозна земја со сериозност и одговорност.






