Без премиерот, Владата не можеше да донесе одлука за кратење на функционерските плати

Пропадна расправата во Владата на вчерашната седница на која требаше да се расправа за „корекција“ на платите на функционерите кои пред 7 месеци беа зголемени за 78%.



Одлука за овој предлог денеска не била донесена затоа што на владината седница не присуствувал премиерот Димитар Ковачевски кој бил во Тирана.

Во март годинава со одлука на Уставниот суд функционерските плати се зголемија за 78 отсто.

На денешната седница било дискутирано за неколку варијанти како да се намалат функционерските плати, но конечната одлука ќе се донесе кога на владина седница ќе присуствува и премиерот.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи завчера најави дека ќе се бара „праведно решение“, а заштедените пари ќе се користат за анти-кризни мерки.

„Да направиме поправедно решение и секако да ослободиме дел од средствата кои, ако се изгласа тој закон ќе бидат за антикризни мерки за најранливите категории“, рече Битиќи.