Без преговори, Македонија ќе колабира, вели Османи

Преговорите со ЕУ да почнат без одлагање, бидејќи во спротивно постојат ризици и за земјата и за регионот, смета вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој е во посета на Брисел.



Османи, кој денеска е во посета на Брисел, предупредува дека политичкиот контекст во Европската Унија е многу непредвидлив поради изборите во ЕУ, но дека е оптимист.

„Тоа што мене ми дава оптимизам е дека нема подобро портфолио од нашето, толку е моќно што тешко се игнорира, и второ дека нема алтернатива. Алтернативата од неуспех на оваа приказна е страшна“  порачува вицепремиеротспоред кој „ризицитесе колабирање на сите позитивни процеси што ги има и во државата и во регионот“.

Тој е уверен дека и во европските институции и во земјите членки сите се свесни за овие ризици.

Ако некој ја одземе таа перспектива, целата стратегија пропаѓа. Тоа е нашиот аргумент, дека оваа приказна е толку моќна, толку ги надминува нашите граници што игнорирањето ќе биде лоша порака и за државата и за регионот и за целата европска идеја, вели за МИА Бујар Османи.