Опозициската ВМРО-ДПМНЕ тврди дека СДСМ се тие без кои Талат Џафери немаше да стане премиер. Без пратениците на СДСМ, ДУИ можеше само да фантазира за премиер.
„СДС 7 години го држи ДУИ во влада. Сите криминали кои ДУИ ги направи се со помош на СДС, се со една цел, за да имаат пар министри и Ковачевски да биде премиер.
СДС подолг период наназад ја продава државата. Недовербата во судството, партизацијата, криминалот и корупцијата се последица на владеењето на СДС и ДУИ„ се вели во денешното соопштение од партијата.
За министрите од редовите на ВМРО-ДПМНЕ кои влегоа во техничка влада, од партијатавелат дека „тоа е законска обврска, која СДС и ДУИ не сакаа да ја променат. И на СДС и ДУИ им беше потребна техничката влада за полесно да го изберат Џафери за премиер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.






