Главниот кризен штаб во Владата предлага за Велигден и Бајрам да нема полициски час, а угостителските објекти да работат до 20, односно до 20: 30 часот,најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
За Велигден се предлага да нема полициски час ноќта в сабота спроти недела (први спроти втори мај), а за Бајрам ноќта на 12 спроти 13 мај.
Комисијата за заразни болести предлага полицискиот час од среда, 28 април, да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот.
Комисијата ќе го достави предлогот до Владата, која за него треба да одлучи на седница. Владата треба да реши и дали ќе бидат отворени летните тераси на угостителските објекти.







