Без плата, машиновозачите ги сопираат возовите

Машиновозачите и помошниците во ЖРСМ Транспорт донесоа одлука за бојкот поради неисплатениот втор дел од платата за јуни годинава.



Од денеска по 16 часот тие нема да ги извршуваат работните задачи, изјави за МИА Тони Димовски, претставник на машинскиот персонал во ЖРСМ Транспорт.

Како што информира Димовски, одлуката е донесена на денешниот собир , а бојкотот значи дека нема да тргнат патничките и товарните возови по 16 часот денеска. 

Во возниот ред за попладне, како што информира Димовски, се предвидени сообраќања на возовите на релацијата Скопје-Гевгелија и Скопје-Велес, како и неколку товарни возови.

„Ние баравме платата да биде исплатена до 25 наредниот месец или да не извести менаџерскиот тим дека ќе доцни платата, но се уште не сме известени“, изјави Димовски.