Без ПЦР тест само во Косово

Ништо од најавата дека од денес граѓаните на Македонија ќе можат да патуваат во некои соседни земји без ПЦР тест и дека тоа ќе биде направемно по принципот на реципроцитет.



Поради влошување на состојбата со пандемијата на Ковид-19 во регионот влезот на македонски државјани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без негативен ПЦР тест.

Останува можноста да се патува без приложен тест на коронавирусот само во Косово.

„Владата на Република с Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји. Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа“, соопштија синоќа од Владата.

Од Владата велат и дека во следните денови ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани од Србија, Црна Гора, БиХ и Косово во Македонија без ПЦР тест.