Без пари се може, без закон за државјанство не, вели Реџепи

Граѓаните ќе можат уште некој месец да издржат без пари бидејќи многу поважен е законот за државјанствата, изјави вчера пратеникот Скендер Реџепи од опозициската коалиција на Алијанса за Албанците и Алтернатива.



Овој предлог закон предложен од Алијанса и Алтернатива, предвидува граѓаните кои немаат државјанство да може да го добијат со изјава на неколку сведоци.

Од коалицијата го блокираат донесувањето на законите кои се однесуваат на пакетите со антикризни мерки во Собранието кои треба да обезбедат финансиска помош за граѓаните и компаниите.

Реџепи вели дека неговата партија е свесна за одговорноста која ја носи со овој чекор но додава дека во разговорите со нивните гласачи заклучиле дека тие се подготвени некој месец да истрпат без плати само да се донесе законот за државјанство.